iKnow

Е-Пошта

Огласна табла

Библиотека

Едуроам

ЕКОНОМИЈА

ДЕПАРТМАН ЕКОНОМИЈА

Раководител: проф. д-р Даниела Бојаџиева
Секретар: асист. м-р Кристијан Кожески

ЦЕЛ НА СТУДИСКА ПРОГРАМА

Целта на студиската програма е да оформи профил на современ дипломиран економист кој ќе поседува:

  • Знаења од микроекономска и макроекономска теорија.

  • Способности за микроекономска и макроекономска анализа.

  • Вештини за емпириска економска анализа како основа за формулирање економски политики.

ШТО ЌЕ НАУЧАТ СТУДЕНТИТЕ?

 

 

Програмата е структурирана за да овозможи:

  • Разбирање и анализа на економски појави и процеси.

  • Анализа на микроекономско ниво: фирми, пазари на добра и услуги, пазари на фактори на производство.

  • Анализа на макроекономско ниво: агрегати и макроекономски политики.

  • Разбирање на глобалната економија и нејзините предизвици.

  

ЗОШТО ЕКОНОМИЈА?

Програмата одговара на потребите на три клучни групи општествени субјекти:

Фирмите во производниот сектор
Големи, средни и мали претпријатија, јавни претпријатија, финансиски институции и стопански комори бараат кадар со компетенции за анализа на побарувачка, понуда и цени на пазари на добра, услуги и фактори на производство (труд, капитал, знаење, иновации).

Државни институции
Народна банка, Министерство за финансии, Министерство за економија, Владата и регулаторните тела имаат потреба од кадар со знаења за современа економска теорија и примена на емпириски економски анализи за формулирање на политики што обезбедуваат економски раст и одржлив развој.

Научно-истражувачки институции
Факултети, институти и организации бараат дипломирани економисти за позиции како асистенти, истражувачи и научни соработници, кои ќе учествуваат во анализи на економски политики, институционални реформи и развојни стратегии.