ДЕПАРТМАН Е-БИЗНИС
Раководител: проф. д-р Сашо Јосимовски
Секретар: асист. м-р Мартин Киселички
ЦЕЛ НА СТУДИСКА ПРОГРАМА
Целта на студиската програма по Е-Бизнис е создавање на високообразован кадар кој ги совладува современите принципи на работење. Преку внимателно дизајнирани дисциплини студентите стекнуваат:
♦ Знаење и практични вештини за технологии кои поддржуваат е-бизнис во компаниите.
-
♦ Вештини за вклучување во процеси на дигитална трансформација во бизнисите и општеството.
-
♦ Способност за користење на современи дигитални алатки и методи за управување со односи со клиенти, добавувачи и партнери.
ШТО ЌЕ НАУЧАТ СТУДЕНТИТЕ?
Студентите ќе се запознаат со:
-
♦ Основи на е-бизнис и дигитална економија.
-
♦ Дигитализација на каналите на продажба (е-комерција).
-
♦ Дигитални иновации и дигитален маркетинг.
-
♦ Вирален маркетинг и маркетинг преку социјални медиуми.
-
♦ Бизнис информациски системи и ИКТ менаџмент.
-
♦ Менаџмент и автоматизација на бизнис процеси.
-
♦ Веб дизајн и развој, програмирање на бизнис апликации.
-
♦ Бази на податоци и аналитика на бизнис податоци.

ЗОШТО Е-БИЗНИС?
Компаниите денес се соочуваат со рапиден технолошки развој и зголемена конкуренција. Дигиталната трансформација е клучна за:
-
♦ Поголема конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар.
-
♦ Развој на нови бизнис модели базирани на технологија.
-
♦ Подобри организациски перформанси.
Студентите подготвени со знаења од оваа програма ќе бидат стратешки важен кадар кој одговара на предизвиците на дигиталната економија.