КОНКУРС ЗА УПИС
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.
РАСПОРЕД ЗА НАСТАВА И ВЕЖБИ
Почитувани,
подолу во табелата можете да ги погледнете кодовите од предметите на Microsoft teams платофмата во Летниот семестар 2024/2025 на кои ќе бидат споделени материјалите и останатата наставна литература.
Распоред за настава и вежби – Летен семестар, 2024/25 (17.02.2025 – 30.05.2025)
Microsoft Teams кодови од предмети во Летниот семестар 2024/25
Предмет | Код |
Анализа на временски серии | q1xqaj5 |
Анализа на финансиски извештаи | uq0494u |
Банкарство | erb7hpd |
Бихејвиористичка економија | 4540z72 |
Вовед во економија на животна средина – проф. Пеце Недановски | e49ulsb |
Вовед во економија на животна средина – проф. Борче Треновски | fhz1h5c |
Глобалната економија и економските системи | um9ivgd |
Деловно комуницирање | fqxri5m |
Бизнис планирање и претприемништво / Деловно планирање | 62hya2v |
Дигитален маркетинг | 2u1a7tw |
Дизајн и развој на веб | b48bg2t |
Директен маркетинг | uvm30uj |
Државна регулација на бизнисот | 0uyi6zk |
Е бизнис иновации | bdidvvs |
Единствен пазaр на ЕУ | iupv9au |
Економија на иновации | z3z34kd |
Економија на социјалната држава | gfsy9r2 |
Економија на трудот | csm83j9 |
Економска статистика | 02xvfzc |
Инвестиционен менаџмент | pj5xcly |
Интегрирани маркетинг комуникации | n9wwfic |
Интерна ревизија | nuvdn31 |
Информациони технологии | 8ep21d3 |
Локални финансии | 3n903o9 |
Маркетинг на услуги | ti3yb28 |
Маркетинг преку социјални медиуми | uivx19p |
Меѓународна економија | hugzp0q |
Меѓународни организации и интеграции | e35e41t |
Меѓународно сметководство | v1ocb5h |
Менаџмент во осигурување | la6bkug |
Менаџмент на бизнис процеси | dhssyqc |
Менаџмент на мал бизнис | fb0cb7l |
Менаџмент на набавки | fwrgl3g |
Менаџмент на односи со потрошувачите | ld1ycd4 |
Менаџмент на перформанси | lnkn5q0 |
Менаџмент на промени | y906e12 |
Менаџмент на ризик | 3pknxoi |
Менаџмент на финансиски институции | p9i24t9 |
Монетарна економија | 78hppbl |
Мултилатeрален трговски систем | hq0wf2c |
Мултилатерална трговска регулатива | ggg7ooc |
Односи со јавност | m1yyvil |
Организациско однесување – проф. Александра Јаневска | 639w74x |
Организациско однесување – проф. Љубомир Дракулевски | ul4bzg4 |
Основи на бизнис аналитика | 0lwusez |
Основи на Е бизнис – проф. Сашо Јосимовски | n9d82ll |
Основи на Е бизнис – проф. Мијаче Санта | 0bvahab |
Пари и банкарство | z1z54zn |
Политика на цени | 2xkf0ld |
Програмирање на бизнис апликации | e5xlzee |
Претприемништво | 5zpalph |
Проект менаџмент | k34kt95 |
Развој на економската мисла | f9oyt81 |
Ревизија | 6aaa8cz |
Регионална и урбана економија | z1hm1gv |
Сметководствени контролни системи | oteao9g |
Статистика за бизнис и економија – проф. Драган Тевдовски | 5tjl528 |
Статистика за бизнис и економија – проф. Марија Трпкова | x75f0ic |
Статистика за бизнис и економија – проф. Калина Треневска | 18vuwes |
Теорија на одлучување | wu5lp5i |
Трговско право | fi27jzs |
Управување со маркетинг канали | qv7lrje |
Управување со системи | nx9y00t |
Управувачко сметководство 1 | k0mc8ez |
Управувачко сметководство 2 | woinmuh |
Финансиска економетрија | qgmw343 |
Финансиска и актуарска математика | mt82ick |
Финансиски пазари и институции | 94d9dwe |
Хартии од вредност и портфолио менаџмент | zddzgxd |
ИСПИТНИ СЕСИИ
Испити/континуирано оценување
Проверката на стекнатото знаење на студентот по предметните програми се врши континуирано во текот на наставнообразовниот процес како во зимскиот, така и во летниот семестар. Континуираното оценување (се врши писмено, по пат на тестови или колоквиуми. Резултатите добиени од континуираната проверка на знаењето остварени преку тестови или колоквиуми се основа за формирање на крајната оценка. Колоквиумските недели во кои се спроведува континуирана проверка на знаењата по пат на тестови се утврдени со календарот на активностите. Студентите кои не успеале одредени испити да ги положат по пат на колоквиуми, истото можат да го направат во редовните испитни сесии, при што испитите можат да се изведуваат на писмен или усмен начин, како и на друг начин утврден со студиската програма.
Студентите имаат право на повторување на испитот, во рокови и на начин утврдени со Статут и Правилник на УКИМ.
Испитни рокови
Во текот на една учебна година постојат 3 испитни рока и студентот има право да полага во зимскиот испитен рок (јануарска сесија), пролетниот испитен рок (мајско-јунска сесија) и есенскиот испитен рок (августовско-септемвриска испитна сесија). Еден испитен рок трае 3 недели. Глобалниот распоред за одржување на испитната сесија може да подлежи на корекции до моментот на објавување на конечниот/деталниот распоред на Огласната табла.
Пријавување
Студентот може да го пријави испитот по писмен или електронски пат. Доколку испитот е електронски пријавен, студентот е должен на самиот испит да достави и пријавен лист во материјална форма (заедно со платена административна такса).
На полагањето на испити студентите задолжително со себе носат индекс како документ за идентификација. Завршното оценување задолжително се запишува во индексот и во пријавата. Положен испит претставува услов да се стекне потребниот број кредити пропишан со предметната програма.
УПИС НА ГОДИНА
При запишување на прв (зимски) и втор (летен) семестар, студентите слободно избираат од задолжителните и изборните предмети, кои се предвидени за овие семестри.
[Информација за крајните рокови за завршување на започната студиска програма по година има во Одлука за роковите за завршување на започнатите студии по наставна програма 2012/2013]
При запишувањето на семестарот (трет, четврти, итн…), студентот најпрвo ги запишува неположените задолжителни и изборни предмети од претходната учебна година (посебно во зимскиот или летниот семестар), а потоа ги запишува задолжителните и изборните предмети од тековниот семестар. Студент кој заклучно со август-септемвриската сесија не положил предмет од зимскиот семестар, односно заклучно со јануарската испитна сесија не положил предмет од летниот семестар, должен е повторно да го запише предметот во соодветниот семестар.
Почнувајки од учебната 2013/2014, студент запишан со партиципација на трошоците за студирање на прв циклус на студии, го губи статусот на студент запишан во државна квота и ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање) ако:
- еден предмет запишува по трет пат
- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).
Студентот заверува семестар со потписи од предметните професори, со што се потврдува неговото исполнување на предвидените обврски по предметната програма (редовно посетување на наставата и вежбите или друг облик и форма на настава).
Заверката на тековниот и запишувањето нов семестар се врши на почетокот на зимскиот и на летниот семестар, во роковите утврдени со календарот на активностите на Факултетот, во Службата за студентски прашања.
Пријавување на дипломски труд
Упатство за изработка на дипломски труд
Студиите на Факултетот студентот ги завршува со изработка и јавна одбрана на дипломски труд од областа на студиите. Насловот на темата ја одобрува предметниот наставник од чија област се изработува дипломската работа, најчесто при запишувањето на VIII семестар (т.е. кога освоил најмалку 200 кредити).
По исполнување на условите за дипломирање (мин.31 положен испит и мин. 240 кредити) во Одделението за студентски прашања, студентите го поднесуваат дипломскиот труд (во 4 примероци) и потребниот комплет од формулари за дипломирање, најдоцна во рок од 45 дена по завршувањето на испитната сесија кога го положиле последниот испит.
По поднесување на дипломскиот труд и потребните документи за дипломирање во Одделението за студентски прашања, студентското досие (во материјална и е-форма) се отвара и проверува во рок од 3-5 работни дена.
Со контатирање на комплетноста на досието, службата ја информира комисијата за одбрана на дипломскиот труд која потоа закажува датум и термин за одбрана.
Студент кој успешно положил најмалку 31 испит и притоа освоил најмалку 240 кредити, со положувањето на дипломскиот испит се стекнува со звањето дипломиран економист на соодветен департман. Дипломата ја потпишува Деканот на Факултетот и Ректорот на Универзитетот. На студентот, покрај дипломата му се издава и Уверение за положени испити.
МОЛБИ / ЖИРО СМЕТКИ
Молби
- МОЛБА за плаќање на рати
- МОЛБА за испишување
- БАРАЊЕ за продолжување на студиите
- БАРАЊЕ за мирување на студиите
- МОЛБА за промена на департман
- МОЛБА за премин од друг факултет
- МОЛБА за премин на нова студиска прорама
- БАРАЊЕ за повторно полагање на испит
- БАРАЊЕ за запишување на дополнителни испити
- БАРАЊЕ за замена на неположен изборен предмет
- БАРАЊЕ за издавање дупликат индекс
- БАРАЊЕ за издавање уверение за положени испити
- БАРАЊЕ за задоцнето запишување на семестар
- БАРАЊЕ за промена на презиме / име во студентска евиденција
- ПРИГОВОР за преиспитување на оценка
- МОЛБА за промена на статус во редовен-вонреден
Жиро сметки
Трансакциска сметка за партиципација
100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник
1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма
723012 – 41
Трансакциска сметка за сите останати надоместоци
100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник
1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма
723013 – 41
Календар на активности
Календар на наставни активности во учебната 2024/2025 година
1 | Упис на година (и оn-line упис на семестар) | 16.9.2024 – 27.9.2024 |
2 | Почеток на учебна година | 1.10.2024 |
Зимски семестар |
||
3 | Времетраење на зимскиот семестар* | 1.10.2024 – 13.1.2025 |
4 | Прв дел од испит (тест) | 9.11.2024 – 19.11.2024 |
5 | Пријавување за II колоквиум (on-line) | 03.01.2025 – 09.01.2025 |
6 | Втор дел од испит (тест) | 9.1.2025 – 18.1.2025 |
7 | Давање потписи за зимскиот семестар (електронски) | 9.1.2025 – 11.1.2025 |
8 | Пријавување за Јануарска (прва) испитна сесија (on-line) | 3.1.2025 – 9.1.2025 |
9 | Јануарска (прва) испитна сесија | 20.1.2025 – 11.02.2025 |
10 | Заверка на зимски и упис на летен семестар | 3.2.2025 – 18.2.2025 |
Летен семестер |
||
11 | Времетраење на летниот семестар | 17.2.2025 – 30.5.2025 |
12 | Прв дел од испит (тест) | 1.4.2025 – 11.4.2025 |
13 | Втор дел од испит (тест) | 19.5.2025 – 30.5.2025 |
14 | Пријавување за II колоквиум (on-line) | 5.5.2025 – 12.5.2025 |
15 | Давање потписи за летниот семестар (електронски) | 28.5.2025 – 30.5.2025 |
16 | Пријавување за Jунска (втора) испитна сесија (on-line) | 19.5.2025 – 26.5.2025 |
17 | Jунска (втора) испитна сесија | 4.6.2025 – 25.6.2025 |
18 | Заверка на летниот семестар | 26.6.2025 – 4.7.2025 |
19 | Пријавување на Августовско – септемвриска (трета) испитна сесија (on-line) | 30.6.2025 – 7.7.2025 |
20 | Августовско-септемвриска (трета) испитна сесија | 25.8.2025 – 15.9.2025 |
- Работните денови од првата недела на Јануари 2025 (02.01и 03.01) ќе бидат одработени во 2 работни саботи во текот на зимскиот семестар по следниот распоред:
-09.11.2024 сабота за четврток 02.01.2025;
-16.11.2024 сабота за петок 03.01.2025.
Студентски прашања
Одделението за студентски прашања, со студенти работи секој работен ден од 12:00 до 14:00 часот.
Контакт телефонските броеви и e-mail адресите во Одделението за студентски прашања, се дадени во продолжение.
Одделението за студентски прашања, со студенти работи секој работен ден од 12:00 до 14:00 часот.
Контакт телефонските броеви и e-mail адресите во Одделението за студентски прашања, се дадени во продолжение.
Одделение за студентски прашања
Име и Презиме | Телефонски број | Е – адреса |
Валентина Ганзовска – Раководител | 3 286 831 | valentina.ganzovska@eccf.ukim.edu.mk |
Анета Војновска – Референт (прв циклус студии) Е-бизнис / Економија / Меѓународна трговија | 3 286 922 | aneta.vojnovska@eccf.ukim.edu.mk |
Соња Тренчева – Референт (прв циклус студии) Финансиски менаџмент / Маркетинг | 3 286 925 | sonja.trenceva@eccf.ukim.edu.mk |
Иванка Поповска – Референт (прв циклус студии) Сметководство и ревизија / Менаџмент | 3 286 923 | ivanka.popovska@eccf.ukim.edu.mk |
Виолета Цветковска – Референт (втор/трет циклус студии) | 3 286 829 | violeta.cvetkovska@eccf.ukim.edu.mk |
Валентина Јовановска – Референт (втор/трет циклус студии) | 3 286 829 | valentina.jovanovska@eccf.ukim.edu.mk |
Центар за кариера
Центарот за кариера (во полн назив: Центар за регрутирање на студенти, промоција на Факултетот и градење на кариера) е основан во април 2010 година, како еден од петте центри кои функционираат во рамките на Факултетот..
Мисија
Координирање на активностите што се преземаат во насока на: регрутирање нови студенти, промоција на Факултетот и градење кариера.
Визија
Да прерасне во „база” којашто ќе претставува главен посредник меѓу студентите и бизнис – заедницата, а воедно ќе претставува и сврзно ткиво меѓу самите студенти и Факултетот.
Цели /Активности
Центарот за кариера е надлежен за реализација и кординација на следните активности:
- Практична настава на студенти (детални информации во документот Процедура за реализирање практична настава на студенти (прв и втор циклус)
- Мобилност на студенти и наставен кадар (детални информации на линкот Мобилност на студенти и наставен кадар и во документот Процедури за мобилност
- Кариерен развој и Алумни (повеќе информации во документот Процедури за кариерен развој на студенти и алумни и на линкот Алумни
- Студенти – волонтери (Под мотото „Од студентите за студентите“, Центарот за кариера им овозможува на студентите да бидат дел од работењето на Факултетот, давајќи им можност да волонтираат во реализација на промотивните активности на Факултетот, како што се: настанот „Отворен ден“ , претставување на Факултетот на Саемот за образование и кариера и промоција на Факултетот во средните училишта во градот и низ државата. Во таа насока, Центарот има успешна соработка со АИЕСЕК и Студентското собрание – студентски организации коишто функционираат во рамките на Факултетот.
- Промоција на Факултетот (Настанот „Отворен ден“ се организира секоја година во рамки на Денот на високото образование на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој промотивен настан организиран под мотото „Од студентите за идните студенти“, во чијашто подготовка и реализација се активно вклучени самите студенти под менторство на асистентите и професорите, има за цел да ги отвори вратите за сите заинтересирани матуранти, идни студенти на Факултетот, кои ја користат оваа можност и да се запознаат одблизу со Економскиот факултет-Скопје.)
- Заеднички проекти со бизнис заедницата
Најдобрите од Југоистокот (Best of South-East) - Меѓународна соработка (повеќе детали на линкот Меѓународна соработка и во документот Процедури за меѓународна соработка)
Контакт
м-р Маријана Цветковска
Советник за меѓународна соработка и Раководител на Центарот за кариера
Телефон: 02-3286-835
е-пошта: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk