Центри на економски факултет
Центар за економски истражувања (ЦЕИ)
Центарот за економски истражувања (ЦЕИ) е организациска единица во рамките на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работата на ЦЕИ ја поддржува и Советодавен одбор составен од еминентни претставници од јавниот и приватниот сектор и од меѓународните институции и организации присутни во Македонија.
Мисија
Да ги зајакне и поддржи пазарно ориентираните реформи во Македонија, со цел поефикасно спроведување на евро-интегративните процеси на земјата, како и да им пружи активна помош на македонските компании во создавањето и унапредувањето на нивните конкурентски предности.
Визија
Јакнење на улогата на ЦЕИ како водечки центар за истражување на макроекономските и микроекономските проблеми на општествено-економскиот развој на Македонија.
Активности
Во рамките на ЦЕИ се опфаќаат следните активности:
- истражување и анализа на значајни општествено-економски проблеми и феномени
- изработка и реализација на научно-истражувачки и развојни проекти, од следните видови:
- ТЕМПУС, ЕРАСМУС, ФП7
- проекти во соработка на странските амбасади во Македонија
- проекти од ИПА фондовите
- проекти од меѓународни организации (УНДП, УСАИД, ГТЗ, и сл.)
- проекти во соработка со министерства, агенции, фондови и други државни институции
- проекти во соработка со стопанските комори и синдикатите
- проекти во соработка со приватниот сектор (менаџмент, маркетинг, сметководство, финансии, е-бизнис и останати консултанстки услуги)
- консултантска дејност
- конференции, семинари, работилници, обуки и останати активности (макро и микроекономски анализи, менаџмент и маркетинг активности, поддршка на процесот на приближување на Македонија кон ЕУ)
Контакт
Проф. д-р Кирил Јовановски
Раководител на ЦЕИ
Телефон: 02-3286 886
е-пошта: kiril.jovanovski@eccf.ukim.edu.mk
Тренинг центар за европска интеграција (ЕИТЦ)
Тренинг-центарот за европска интеграција – ЕИТЦ (European Integration Training Centre – EITC) е организациска единица на Економскиот факултет-Скопје чија задача е да го обедини, да го промовира и да го пренесува севкупното релевантно знаење за европската интеграција, преку институционализирана форма на континуирано образование. ЕИТЦ е основан со ТЕМПУС ЈЕР 17013-2002 „Континуирано образование по европски прашања: основање на Тренинг центар за европски интеграции“ и формално започна со работа на 1.1.2007 година при Економскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Постоечки домашни партнерски институции на ЕИТЦ се:
- Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје,
- Економскиот факултет од Прилеп,
- Европското движење во Република Македонија,
- Секретаријатот за европски прашања на Република Македонија и
- Стопанската комора на Македонија.
ЕИТЦ има и почесни партнерски институции а тоа се:
- Колеџот на Европа, од Бриж, Белгија и
- Центарот за Европски студии на Универзитетот во Лимерик, Ирска.
Мисија
Создавање на локално јадро на експерти (од редот на јавната администрација, бизнис заедницата, академските кругови, медиумите, приватниот и невладиниот сектор) кои ќе се специјализираат во одделни области од европаката интеграција, неопходни во процесот на приклучувањето на Македонија кон Европската Унија.
Визија
Прераснување на ЕИТЦ во Регионален тренинг центар за европска интеграција преку проширување на своите активности и во другите држави, опфатени со процесот за стабилизација и асоцијација.
Дејности
- Организирање и развивање на семинари и специјализации за јавната администрација и за владиниот сектор, за академската јавност, за бизнис заедницата, за невладините организации, за медиумите и за сите други релевантни субјекти кај кои постои потреба и интерес за надградување на знаењето и образованието од областа на европските интеграции;
- Дизајнирање и развивање на тренинг курсеви (тренинг на тренери) за таргетирани групи кои работат на различни прашања од европската интеграција;
- Промовирање и развивање дебати за европските интегративни процеси во рамките на граѓанското општество како целина;
- Организирање конференции, работилници, летни школи и сл. по прашања од европската интеграција.
Контакт
Проф. д-р Елена Макревска Дисоска
Раководител на ЕИТЦ
Телефон: +389 2 3286 847
е-пошта: elena.makrevska@eccf.ukim.edu.mk
Центар за податоци и информации на ЕУ (ЕУи)
Мисија
Обезбедува информации и знаење за процесите на европското регионално интегрирање преку собирање на сите достапни информации и документација за и од Европската унија и нивно ставање на увид на сите заинтересирани субјекти на територијата на Република Северна Македонија.
Визија
Јакнење на улогата на ЕУи како информативно јадро на Европската унија во Северна Македонија, околу кое ќе се обединат сите слични и сродни центри во земјата, сè до стекнувањето на нејзиното полноправно членство во Европската унија, со што ЕУи ќе стане дел од ЕУ мрежата на европските документациски центри.
За академската јавност и за сите заинтересирани субјекти на територијата на Северна Македонија, ЕУи обезбедува слободен пристап до информациите и документацијата на Европската унија и е целосно поддржан од Мисијата на Европската унија во Северна Македонија.
Вкупниот расположлив фонд на ЕУи е автоматски обработен согласно со меѓународните принципи за каталогизација во единствена ЕУи база на податоци достапна преку веб страницата на Економски факултет – Скопје.
Информативниот центар на Европската унија – ЕУи е отворен за сите заинтересирани корисници секој работен ден од 8 до 16 ч.
Контакт
Проф. д-р Виолета Цветкоска
Раководител на ЕУи
Телефон: 02-3286 920
е-пошта:vcvetkoska@eccf.ukim.edu.mk
Регионален тренинг центар – Светска царинска организација (РТЦ-СЦО)
Соработката на Економскиот факултет, Универзитет «Св. Кирил и Методиј» од Скопје со Светската царинска организација со седиште во Брисел започна есента 2007 година со потпишување Меморандум за соработка и со давање иницијатива за основање на регионален тренинг центар за континуирана обука на царински службеници и на бизнис заедницата според професионалните стандарди на Светската царинска организација. Соработката и иницијативата беа поддржани и од страна на македонската Влада.
Во април 2008 година, Економскиот факултет од Скопје донесе одлука за основање на Тренинг центар за царински службеници – ЦЕФТА 2006.
На 27.09.2009 година, Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија, официјално го отвори Регионалниот тренинг центар – Светска царинска организација на Економскиот факултет, Универзитет «Св. Кирил и Методиј» во Скопје, со што центарот и официјално започна со својата работа.
Мисија
Образование на кадар за потребите на царинската служба и на бизнис заедницата за потребите на регионалната интеграција ЦЕФТА-2006 преку воспоставување професионални програми за континуирана обука со целосна примена на професионалните стандарди препорачани од Светската царинска организација.
Визија
Прераснување на регионалниот тренинг центар во водечка институција за обука на царински службеници и на бизнис заедницата во Македонија и регионот на ЦЕФТА-2006, за обезбедување фер-правила и олеснување на трговијата во рамките на мултилатералниот трговски систем, целосно заснован на професионалните стандарди на Светската царинска организација.
Цели
- Обезбедување програми за континуирана обука на специјалистички студии за стекнување професионална диплома за царински службеници според стандардите на Светската царинска организација;
- Унапредување на професијата царински службеник според стандардите на СЦО во Македонија и регионот на ЦЕФТА-2006 преку воспоставување континуирана обука на специјалистички студии за стекнување на професионална диплома за царински службеници;
- Примена на современи методи и форми за обезбедување континуирана обука за потребите на бизнис-заедницата за пренесување на сите релевантни знаења и информации новините и актуелните состојби на мултилатералниот трговски систем
- Обезбедување информациона база на податоци на регионалниот тренинг-центар.
Контакт
Проф. д-р Ирена Кикеркова
Раководител на РТЦ-СЦО
Телефон: 02-3286-860
е-пошта: irena@eccf.ukim.edu.mk
Центар за кариера (ЦК)
Центарот за кариера (во полн назив: Центар за регрутирање на студенти, промоција на Факултетот и градење на кариера) е основан во април 2010 година, како еден од петте центри кои функционираат во рамките на Факултетот.
Мисија
Координирање на активностите што се преземаат во насока на: регрутирање нови студенти, промоција на Факултетот и градење кариера.
Визија
Да прерасне во „база” којашто ќе претставува главен посредник меѓу студентите и бизнис – заедницата, а воедно ќе претставува и сврзно ткиво меѓу самите студенти и Факултетот.
Цели /Активности
Центарот за кариера е надлежен за реализација и кординација на следните активности:
- Практична настава на студенти (детални информации во документот Процедура за реализирање практична настава на студенти (прв и втор циклус)
- Мобилност на студенти и наставен кадар (детални информации на линкот Мобилност на студенти и наставен кадар и во документот Процедури за мобилност
- Кариерен развој и Алумни (повеќе информации во документот Процедури за кариерен развој на студенти и алумни и на линкот Алумни
- Студенти – волонтери (Под мотото „Од студентите за студентите“, Центарот за кариера им овозможува на студентите да бидат дел од работењето на Факултетот, давајќи им можност да волонтираат во реализација на промотивните активности на Факултетот, како што се: настанот „Отворен ден“ , претставување на Факултетот на Саемот за образование и кариера и промоција на Факултетот во средните училишта во градот и низ државата. Во таа насока, Центарот има успешна соработка со АИЕСЕК и Студентското собрание – студентски организации коишто функционираат во рамките на Факултетот.
- Промоција на Факултетот (Настанот „Отворен ден“ се организира секоја година во рамки на Денот на високото образование на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој промотивен настан организиран под мотото „Од студентите за идните студенти“, во чијашто подготовка и реализација се активно вклучени самите студенти под менторство на асистентите и професорите, има за цел да ги отвори вратите за сите заинтересирани матуранти, идни студенти на Факултетот, кои ја користат оваа можност и да се запознаат одблизу со Економскиот факултет-Скопје.)
- Заеднички проекти со бизнис заедницата
Летна школа Најдобрите од Југоистокот (Best of South-East) - Меѓународна соработка (повеќе детали на линкот Меѓународна соработка и во документот Процедури за меѓународна соработка )
Контакт
м-р Маријана Цветковска
Советник за меѓународна соработка и Раководител на Центарот за кариера
Телефон: 02-3286-835
е-пошта: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk
Јунус центар за социјални бизниси
Центарот за социјални бизниси под името Yunus е истражувачки хаб за социјални бизниси основан од професорот Мухамед Јунус, добитник на Нобеловата награда за мир во 2006 година. Центарот ги следи принципите и упатствата на професорот Јунус и се обидува да ја унапреди улогата на социјалниот бизнис во решавањето на најитните проблеми во општеството поврзани со сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста, општествената инклузија, деградацијата на животната средина, како и унапредување на општествената благосостојба и квалитетот на живот на одржлив и ефективен начин.
Јунус центарот за социјални бизниси на Економски факултет – Скопје претставува дел од мрежата на Центри за социјални бизниси под името Yunus кои функционираат во повеќе од 80 универзитети ширум светот. Ваквите центри се формираат исклучиво во рамките на универзитетите, поради што посебен простор се обезбедува за извршување на нивните активности. Студентите најчесто се инволвираат и волонтерски учествуваат во активностите на центрите.
Целта на новоформираниот Центар за социјални бизниси Yunus во рамките на Економскиот факултет при Универзитетот “Св Кирил и Методиј” во Скопје е да се развијат и реализираат: акциони програми за социјални бизниси, курсеви, обуки, семинари, конференции, истражувања, публикации, лаборатории за социјален бизнис, инкубатори, акцелераторски програми, програми за размена, посети, стажирање и програми за стипендии.
Јунус центарот за социјални бизниси им овозможува на академскиот кадар, студентите и луѓето од бизнис, јавниот и невладиниот сектор да споделуваат знаења и искуства поврзани со концептот на социјалниот бизнис, како и да го промовираат концептот низ различни универзитети и региони. Центарот, исто така, претставува место за различни видови на волонтерска и практикантска работа преку кој студентите дознаваат и учат за социјалниот бизнис а ќе можат да реализираат претприемачки идеи кои иницијални ги работеле на предметните програми на Факултетот.