iKnow

Е-Пошта

Огласна табла

Библиотека

Едуроам

E-БИЗНИС

ДЕПАРТМАН Е-БИЗНИС

Раководител: проф. д-р Сашо Јосимовски
Секретар: асист. м-р Мартин Киселички

ЦЕЛ НА СТУДИСКА ПРОГРАМА

Целта на студиската програма по Е-Бизнис е создавање на високообразован кадар кој ги совладува современите принципи на работење. Преку внимателно дизајнирани дисциплини студентите стекнуваат:

Знаење и практични вештини за технологии кои поддржуваат е-бизнис во компаниите.

  • Вештини за вклучување во процеси на дигитална трансформација во бизнисите и општеството.

  • Способност за користење на современи дигитални алатки и методи за управување со односи со клиенти, добавувачи и партнери.

ШТО ЌЕ НАУЧАТ СТУДЕНТИТЕ?

 

 Студентите ќе се запознаат со:

  • Основи на е-бизнис и дигитална економија.

  • Дигитализација на каналите на продажба (е-комерција).

  • Дигитални иновации и дигитален маркетинг.

  • Вирален маркетинг и маркетинг преку социјални медиуми.

  • Бизнис информациски системи и ИКТ менаџмент.

  • Менаџмент и автоматизација на бизнис процеси.

  • Веб дизајн и развој, програмирање на бизнис апликации.

  • Бази на податоци и аналитика на бизнис податоци.

ЗОШТО Е-БИЗНИС?

Компаниите денес се соочуваат со рапиден технолошки развој и зголемена конкуренција. Дигиталната трансформација е клучна за:

  • Поголема конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар.

  • Развој на нови бизнис модели базирани на технологија.

  • Подобри организациски перформанси.

Студентите подготвени со знаења од оваа програма ќе бидат стратешки важен кадар кој одговара на предизвиците на дигиталната економија.