iKnow

Е-Пошта

Огласна табла

Библиотека

Едуроам

ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

КОНКУРС ЗА УПИС

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

РАСПОРЕД ЗА НАСТАВА И ВЕЖБИ

Почитувани,

подолу во табелата можете да ги погледнете кодовите од предметите на Microsoft teams платофмата во Летниот семестар 2024/2025 на кои ќе бидат споделени материјалите и останатата наставна литература.

Распоред за настава и вежби – Летен семестар, 2024/25 (17.02.2025 – 30.05.2025)

Предмет Код
Анализа на временски серии q1xqaj5
Анализа на финансиски извештаи uq0494u
Банкарство erb7hpd
Бихејвиористичка економија 4540z72
Вовед во економија на животна средина – проф. Пеце Недановски e49ulsb
Вовед во економија на животна средина – проф. Борче Треновски fhz1h5c
Глобалната економија и економските системи um9ivgd
Деловно комуницирање fqxri5m
Бизнис планирање и претприемништво / Деловно планирање 62hya2v
Дигитален маркетинг 2u1a7tw
Дизајн и развој на веб b48bg2t
Директен маркетинг uvm30uj
Државна регулација на бизнисот 0uyi6zk
Е бизнис иновации bdidvvs
Единствен пазaр на ЕУ iupv9au
Економија на иновации z3z34kd
Економија на социјалната држава gfsy9r2
Економија на трудот csm83j9
Економска статистика 02xvfzc
Инвестиционен менаџмент pj5xcly
Интегрирани маркетинг комуникации n9wwfic
Интерна ревизија nuvdn31
Информациони технологии 8ep21d3
Локални финансии 3n903o9
Маркетинг на услуги ti3yb28
Маркетинг преку социјални медиуми uivx19p
Меѓународна економија hugzp0q
Меѓународни организации и интеграции e35e41t
Меѓународно сметководство v1ocb5h
Менаџмент во осигурување la6bkug
Менаџмент на бизнис процеси dhssyqc
Менаџмент на мал бизнис fb0cb7l
Менаџмент на набавки fwrgl3g
Менаџмент на односи со потрошувачите ld1ycd4
Менаџмент на перформанси lnkn5q0
Менаџмент на промени y906e12
Менаџмент на ризик 3pknxoi
Менаџмент на финансиски институции p9i24t9
Монетарна економија 78hppbl
Мултилатeрален трговски систем hq0wf2c
Мултилатерална трговска регулатива ggg7ooc
Односи со јавност m1yyvil
Организациско однесување – проф. Александра Јаневска 639w74x
Организациско однесување – проф. Љубомир Дракулевски ul4bzg4
Основи на бизнис аналитика 0lwusez
Основи на Е бизнис – проф. Сашо Јосимовски n9d82ll
Основи на Е бизнис – проф. Мијаче Санта 0bvahab
Пари и банкарство z1z54zn
Политика на цени 2xkf0ld
Програмирање на бизнис апликации e5xlzee
Претприемништво 5zpalph
Проект менаџмент k34kt95
Развој на економската мисла f9oyt81
Ревизија 6aaa8cz
Регионална и урбана економија z1hm1gv
Сметководствени контролни системи oteao9g
Статистика за бизнис и економија – проф. Драган Тевдовски 5tjl528
Статистика за бизнис и економија – проф. Марија Трпкова x75f0ic
Статистика за бизнис и економија – проф. Калина Треневска 18vuwes
Теорија на одлучување wu5lp5i
Трговско право fi27jzs
Управување со маркетинг канали qv7lrje
Управување со системи nx9y00t
Управувачко сметководство 1 k0mc8ez
Управувачко сметководство 2 woinmuh
Финансиска економетрија qgmw343
Финансиска и актуарска математика mt82ick
Финансиски пазари и институции 94d9dwe
Хартии од вредност и портфолио менаџмент zddzgxd

ИСПИТНИ СЕСИИ

Испити/континуирано оценување

Проверката на стекнатото знаење на студентот по предметните програми се врши континуирано во текот на наставнообразовниот процес како во зимскиот, така и во летниот семестар. Континуираното оценување (се врши писмено, по пат на тестови или колоквиуми. Резултатите добиени од континуираната проверка на знаењето остварени преку тестови или колоквиуми се основа за формирање на крајната оценка. Колоквиумските недели во кои се спроведува континуирана проверка на знаењата по пат на тестови се утврдени со календарот на активностите. Студентите кои не успеале одредени испити да ги положат по пат на колоквиуми, истото можат да го направат во редовните испитни сесии, при што испитите можат да се изведуваат на писмен или усмен начин, како и на друг начин утврден со студиската програма.

Студентите имаат право на повторување на испитот, во рокови и на начин утврдени со Статут и Правилник на УКИМ.

  • 🔹 Испитни рокови

Во текот на една учебна година постојат 3 испитни рока и студентот има право да полага во зимскиот испитен рок (јануарска сесија), пролетниот испитен рок (мајско-јунска сесија) и есенскиот испитен рок (августовско-септемвриска испитна сесија). Еден испитен рок трае 3 недели. Глобалниот распоред за одржување на испитната сесија може да подлежи на корекции до моментот на објавување на конечниот/деталниот распоред  на Огласната табла.

  • 🔹 Пријавување

Студентот може да го пријави испитот по писмен или електронски пат. Доколку испитот е електронски пријавен, студентот е должен на самиот испит да достави и пријавен лист во материјална форма (заедно со платена административна такса).

На полагањето на испити студентите задолжително со себе носат индекс како документ за идентификација. Завршното оценување задолжително се запишува во индексот и во пријавата. Положен испит претставува услов да се стекне потребниот број кредити пропишан со предметната програма.

УПИС НА ГОДИНА

При запишување на прв (зимски) и втор (летен) семестар, студентите слободно избираат од задолжителните и изборните предмети, кои се  предвидени за овие семестри.

[Информација за крајните рокови за завршување на започната студиска програма по година има во  Одлука за роковите за завршување на започнатите студии по наставна програма 2012/2013]

При запишувањето на семестарот (трет, четврти, итн…), студентот најпрвo ги запишува неположените задолжителни и изборни предмети од претходната учебна година (посебно во зимскиот или летниот семестар), а потоа ги запишува задолжителните и изборните предмети од тековниот семестар. Студент кој заклучно со август-септемвриската сесија не положил предмет од зимскиот семестар, односно заклучно со јануарската испитна сесија не положил предмет од летниот семестар, должен е повторно да го запише предметот во соодветниот семестар.

Почнувајки од учебната 2013/2014, студент запишан со партиципација на трошоците за студирање на прв циклус на студии, го губи статусот на студент запишан во државна квота и ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање) ако:

  • еден предмет запишува по трет пат
  • не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).

Студентот заверува семестар со потписи од предметните професори, со што се потврдува неговото исполнување на предвидените обврски по предметната програма (редовно посетување на наставата и вежбите или друг облик и форма на настава).

Заверката на тековниот и запишувањето нов семестар се врши на почетокот на зимскиот и на летниот семестар, во роковите утврдени со календарот на активностите на Факултетот, во Службата за студентски прашања.

Пријавување на дипломски труд

Упатство за изработка на дипломски труд

Студиите на Факултетот студентот ги завршува со изработка и јавна одбрана на дипломски труд од областа на студиите. Насловот на темата ја одобрува предметниот наставник од чија област се изработува дипломската работа, најчесто при запишувањето на VIII семестар (т.е. кога освоил најмалку 200 кредити).

По исполнување на условите за дипломирање (мин.31 положен испит и мин. 240 кредити) во Одделението за студентски прашања, студентите го поднесуваат дипломскиот труд (во 4 примероци) и потребниот комплет од формулари за дипломирање, најдоцна во рок од 45 дена по завршувањето на испитната сесија кога го положиле последниот испит.

По поднесување на дипломскиот труд и потребните документи за дипломирање во Одделението за студентски прашања, студентското досие (во материјална и е-форма) се отвара и проверува во рок од 3-5 работни дена.

Со контатирање на комплетноста на досието, службата ја информира комисијата за одбрана на дипломскиот труд која потоа закажува датум и термин за одбрана.

Студент кој успешно положил најмалку 31 испит и притоа освоил најмалку 240 кредити, со положувањето на дипломскиот испит се стекнува со звањето дипломиран економист на соодветен департман. Дипломата ја потпишува Деканот на Факултетот и Ректорот на Универзитетот. На студентот, покрај дипломата му се издава и Уверение за положени испити.

МОЛБИ / ЖИРО СМЕТКИ

Трансакциска сметка за партиципација
100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник
1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма
723012 – 41

Трансакциска сметка за сите останати надоместоци
100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник
1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма
723013 – 41

Календар на активности

Календар на наставни активности во учебната 2024/2025 година

1 Упис  на година (и оn-line упис на семестар) 16.9.2024 – 27.9.2024
2 Почеток на учебна година 1.10.2024

Зимски семестар

3 Времетраење  на зимскиот  семестар* 1.10.2024 – 13.1.2025
4 Прв дел од  испит (тест) 9.11.2024 – 19.11.2024
5 Пријавување за II колоквиум (on-line) 03.01.2025 – 09.01.2025
6 Втор дел од испит (тест) 9.1.2025 – 18.1.2025
7 Давање потписи  за  зимскиот семестар (електронски) 9.1.2025 – 11.1.2025
8 Пријавување за Јануарска (прва) испитна сесија (on-line) 3.1.2025 – 9.1.2025
9 Јануарска (прва) испитна сесија 20.1.2025 – 11.02.2025
10 Заверка на зимски и упис на летен семестар 3.2.2025 – 18.2.2025

Летен семестер

11 Времетраење  на летниот семестар 17.2.2025 – 30.5.2025
12 Прв дел од испит (тест) 1.4.2025 – 11.4.2025
13 Втор дел од испит (тест) 19.5.2025 – 30.5.2025
14 Пријавување за II колоквиум (on-line) 5.5.2025 – 12.5.2025
15 Давање потписи за летниот семестар (електронски) 28.5.2025 – 30.5.2025
16 Пријавување  за Jунска (втора) испитна сесија (on-line) 19.5.2025 – 26.5.2025
17 Jунска (втора) испитна сесија 4.6.2025 – 25.6.2025
18 Заверка на летниот  семестар 26.6.2025 – 4.7.2025
19 Пријавување на Августовско – септемвриска (трета) испитна сесија (on-line) 30.6.2025 – 7.7.2025
20 Августовско-септемвриска (трета) испитна сесија 25.8.2025 – 15.9.2025
  • Работните денови од првата недела на Јануари 2025 (02.01и 03.01) ќе бидат одработени во 2 работни саботи во текот на зимскиот семестар по следниот распоред:

      -09.11.2024 сабота за четврток 02.01.2025;

      -16.11.2024 сабота за петок 03.01.2025.

Студентски прашања

Одделението за студентски прашања, со студенти работи секој работен ден од 12:00 до 14:00 часот.

Контакт телефонските броеви и e-mail  адресите во Одделението за студентски прашања, се дадени во продолжение.

Одделението за студентски прашања, со студенти работи секој работен ден од 12:00 до 14:00 часот.

Контакт телефонските броеви и e-mail  адресите во Одделението за студентски прашања, се дадени во продолжение.

 

Одделение за студентски прашања

Име и Презиме Телефонски број Е – адреса
Валентина Ганзовска – Раководител 3 286 831 valentina.ganzovska@eccf.ukim.edu.mk
Анета Војновска – Референт (прв циклус студии) Е-бизнис / Економија / Меѓународна трговија 3 286 922 aneta.vojnovska@eccf.ukim.edu.mk
Соња Тренчева – Референт (прв циклус студии) Финансиски менаџмент / Маркетинг 3 286 925 sonja.trenceva@eccf.ukim.edu.mk
Иванка Поповска – Референт (прв циклус студии) Сметководство и ревизија / Менаџмент 3 286 923 ivanka.popovska@eccf.ukim.edu.mk
Виолета Цветковска – Референт (втор/трет циклус студии) 3 286 829 violeta.cvetkovska@eccf.ukim.edu.mk
Валентина Јовановска – Референт (втор/трет циклус студии) 3 286 829 valentina.jovanovska@eccf.ukim.edu.mk

Центар за кариера

Центарот за кариера (во полн назив: Центар за регрутирање на студенти, промоција на Факултетот и градење на кариера) е основан во април 2010 година, како еден од петте центри кои функционираат во рамките на Факултетот..

Мисија

Координирање на активностите што се преземаат во насока на: регрутирање нови студенти, промоција на Факултетот и градење кариера.

Визија

Да прерасне во „база” којашто ќе претставува главен посредник меѓу студентите и бизнис – заедницата, а воедно ќе претставува и сврзно ткиво меѓу самите студенти и Факултетот.

Цели /Активности

Центарот за кариера е надлежен за реализација и кординација на следните активности:

  1. Практична настава на студенти  (детални информации во документот Процедура за реализирање практична настава на студенти (прв и втор циклус) 
  2. Мобилност на студенти и наставен кадар (детални информации на линкот Мобилност на студенти и наставен кадар и во документот Процедури за мобилност
  3. Кариерен развој и Алумни (повеќе информации во документот Процедури за кариерен развој на студенти и алумни и на линкот Алумни
  4. Студенти – волонтери (Под мотото „Од студентите за студентите“, Центарот за кариера им овозможува на студентите да бидат дел од работењето на Факултетот, давајќи им можност да волонтираат во реализација на промотивните активности на Факултетот, како што се: настанот „Отворен ден“ , претставување на Факултетот на Саемот за образование и кариера и промоција на Факултетот во средните училишта во градот и низ државата. Во таа насока, Центарот има успешна соработка со АИЕСЕК и Студентското собрание – студентски организации коишто функционираат во рамките на Факултетот.
  5. Промоција на Факултетот (Настанот „Отворен ден“ се организира секоја година во рамки на Денот на високото образование на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој промотивен настан организиран под мотото „Од студентите за идните студенти“, во чијашто подготовка и реализација се активно вклучени самите студенти под менторство на асистентите и професорите, има за цел да ги отвори вратите за сите заинтересирани матуранти, идни студенти на Факултетот, кои ја користат оваа можност и да се запознаат одблизу со Економскиот факултет-Скопје.)
  6. Заеднички проекти со бизнис заедницата
    Најдобрите од Југоистокот (Best of South-East)
  7. Меѓународна соработка (повеќе детали на линкот Меѓународна соработка и во документот Процедури за меѓународна соработка)

Контакт

м-р Маријана Цветковска
Советник за меѓународна соработка и Раководител на Центарот за кариера
Телефон: 02-3286-835
е-пошта: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk

ОДЛУКИ