iKnow

Е-Пошта

Огласна табла

Библиотека

Едуроам

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ОБУКИ

ОБУКИ ЗА ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ

🎯 ИСКОРИСТИ ЈА ШАНСАТА – ВАУЧЕР ЗА ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ 

 

Дали сакаш да вложиш во својот развој и да стекнеш вештини што отвораат нови можности?
Економски факултет – Скопје ти нуди можност со ваучер за дигитални вештини да ја одбереш обуката што ти одговара — и да добиеш уште една, подарок!

⏳ Рок за аплицирање: најдоцна до 1 август — побрзај, бројот на ваучери е ограничен!
🎁 Бонус: Со искористен ваучер добиваш подарок обука од исти или понизок ранг — повеќе знаење, без дополнителен трошок.


👤 КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Доколку си млад, амбициозен и подготвен да вложиш во себе, оваа програма е создадена за тебе. Право на аплицирање имаат:

💠 Лица на возраст од 18 до 29 години – млади луѓе кои сакаат да го надградат своето знаење и да стекнат дигитални вештини што се барани на пазарот на труд.

💠 Кандидати мотивирани за личен развој и професионално усовршување – без разлика дали си студент, вработен или во потрага по работа, обуките се прилагодени за различни профили.

💠 Апликанти кои ги исполнуваат условите на Владата на РСМ за ваучери за дигитални вештини – можноста е дел од националната програма за унапредување на дигиталните компетенции.


📌 КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

💠 Добиј го својот ваучер преку МИОА – следи го официјалното упатство и при изборот задолжително одбери обука од Економски факултет – Скопје. Напомена: Ваучерите не можат да се менуваат или пренесуваат на друго лице.

💠 Одбери обука и пријави се онлајн – прегледај ја листата на програми, пополни ја формата за пријавување и испрати ги податоците.

💠 Очекувај наш контакт – ќе добиеш навремени информации за сите детали, термини и почеток на обуката.

 
  • 📚 ЛИСТА НА ОБУКИ

    💠 Агилни методи и управување со податоци

    • • Агилнo водење на проекти со помош на Trello

    • • Моделирање на бизнис процеси со BPMN 2.0

    • • Трансформирање на податоците во моќни сознанија со Power BI

    • • Вовед во податочна писменост

    💠 Финансиски анализи и Excel вештини

    • • Анализа на финансиски извештаи со MS Excel

    • • Анализа и статистики на податоци во MS Excel со Pivot Table

    • • Напредни сметководствено-финансиски анализи со MS Excel

    • • Прибирање и анализа на податоци во MS Excel

    💠 Дигитален маркетинг и SEO

    • • Напредно рекламирање во Facebook Ads Manager

    • • Основи на рекламирање во Facebook Ads Manager

    • • Основи на рекламирање во Google Ads Manager

    • • Моќта на SEO со алатката SEMrush

    💠 Бизнис стратегија и иновации

    • • Создавање на бизнис модели за иновативни производи

    • •Стратегија Touchpoints – стратегија за задоцнет влез на пазарот на дигитални решенија

 
  • ♿ ЛИСТА НА ОБУКИ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

• Дигитални иновации

• Создавање на бизнис модели за иновативни производи

• Стратегија Touchpoints – стратегија за задоцнет влез на пазарот на дигитални решенија


ℹ️ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ОБУКИТЕ

📜 Сертификација

Економски факултет – Скопје преку својата акредитација за изведување на настава на прв, втор и трет циклус на студии, повеќе од половина век издава дипломи за завршени студии на различни департмани. По успешно завршување на обуката, ќе добиете сертификат-потврда за учество и стекнатите дигитални вештини, според Европската рамка за дигитални компетенции 2.0.

💻 Методологија

Секоја обука се спроведува онлајн преку платформата Google Meet, која Економски факултет – Скопје редовно ја користи за наставата. Предавањата комбинираат презентации, практични вежби, групни дискусии и примери од реални ситуации. На крајот на обуката се спроведува тестирање за потврда на стекнатото знаење.

📝 Пријавување

Доколку имате какви било проблеми при аплицирање, можете да се обратите на:

  • Е-пошта: meri.hristoska@eccf.ukim.edu.mk

  • Телефон: 02 3286824


📌 ПРАВИЛА ЗА ВАУЧЕРИТЕ

  • • Едно лице може да добие само еден ваучер.

  • • Ваучерот може да го искористи само лицето на чие име е издаден.

  • • Ваучерот покрива 50% од цената на обуката, но не повеќе од 30.000 денари.